По направените чекори на Карачиќ, Червар пцуеше: Ни ја украде топката, да му еб*м мајката безобразна

Во неизвесен меч, Хрватска загуби од Шпанија во финалето на Европското ракометно првенство. Дуелот беше неизвесен до самиот финиш. Црвената фурија водеше со 21:20, кога Хрватска во нападот направи техничка грешка. Игор Карачиќ направи повеќе чекори од дозволеното и му беше одзенема топката, а Коцкестите пропуштија шанса да израмнат. Во следниот напад Шпанија погоди за 22:20 и крај на сите надежи на противникот.

Селекторот на Хрватска, Лино Червар потоа на тајм-аутот посочи дека токму тој момент е клучен за финалето. „Отиде времето…Ни ја украде топката, да му еб*м мајката безобразна. Ајде да го завршиме овој напад што е можно побрзо“, рече Червар во ситуација кога беше јасно дека Шпанија ќе биде европски првак.

Судии на финалниот дуел беа македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Ниту еден од хрватските медиуми засега не посочуваат дека македонските судии со своите одлуки ги оштетиле Коцкестите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести