По пауза од 1722 денови даде гол во Бундеслигата и донесе победа на својот тим

Унион Берлин со 2:0 славеше против Аугзбург, на дуел на две екипи кои ќе се борат за опстанок во Бундес лигата. Во второто полувреме беше скршен отпорот на гостите, кога Невен Суботиќ погоди по еден корнер за Унион Берлин.

За Суботиќ ова беше прв погодок во Бундес лигата по пауза од точно 1.722 денови. Некогашниот српски репрезентативец последен пат имаше погодено на 8 мај 2015 година, додека беше играч на Борусија Дортмунд. Победата на тимот од Берлин ја потврди Ингвартсен во 61 минута. Унион Берлин сега има 23 бодови, колку што има и Аугзбург.

Лидерот Лајпциг беше изненаден на гости кај Ајнтрахт Франкфурт и загуби со 2:0, а тоа го искористи Борусија Менхенгладбах која победи со 3:1 против Мајнц.

Во останатите мечеви кои попладнево се играа во Бундес лигата: Фрајбург – Падерборн 0:2 и Волфсбург – Херта 1:2. Од 18:30 часот играат Баерн – Шалке.

 

- Оглас -

Најнови вести