Второто коло од кошаркарската Евролига сезонава носи и таканаречено македонско дерби, поточно дуел на две екипи кои во своите редови имаат по еден играч со македонски пасош.
Ненад Димитријевиќ со Армани Милано го пречекува Париз баскет за кој игра Ти Џеј Шортс. Повеќе од една деценија се нема случено двајца Македонци (од кои едниот натурализиран) да играат еден против друг во Евролигата. Пред Нено и Ти Џеј, таа чест за имаа Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб.
Инаку Антиќ и соработниците од КФМ се во Милано за да разговараат за можноста Димитријевиќ и Шортс да играат за репрезентацијата на ноемвриските мечеви со Литванија. Познато е дека евролигашките клубови не сакаат да ги пуштат своите играчи да играат квалификации, особено ако истиот ден има дуели од Евролигата.
Во понудата на Sport Life за поени, за вечерва четири поени повеќе се бараат од Шортс.
Што се однесува до скоковите и асистенциите, тука хендикеп границата е поголема кај Нено.