По поразот на Турција кој ја исфрли Македонија од осминафиналето, Одбојкарската федерација со порака

Македонија чекаше и не дочека Турција да ја победи Финска, што ќе значеше пласман на нашите одбојкари во осминафиналето од Европското првенство. Турција загуби од Финска со 3:2, но остана на третото место во групата, додека Финска се искачи на четвртото место, а Македонија падна на петата позиција.

Со две победи, од кои една против домаќинот Словенија, и три порази Македонија на крајот сепак може да се каже дека успешно го завршува првиот настап на континентален собир. По завршување на мечот Финска – Турција, на фејсбук-страницата на Одбојкарска федерација се појави статус за настапот на нашите нови спортски херои.

„Нашите момци го завршуваат настапот на Европското првенство.

Одлично искуство и феноменален настап.
Покажаа како се бранат националните бои🇲🇰

Секогаш со ❤️ за МАКЕДОНИЈА.

Ви благодариме на сите за неизмерната подршка “

- Оглас -

Најнови вести