По повеќе од една година, откриени нови детали околу смртта на Емилијано Сала

За првпат по повеќе од една година откриени се нови детали околу трагичната смрт на Емилијано Сала. Според истрагата, пилотот Дејвид Иботсон кој исто така не преживеа, никако не смеел да управува со авионот бидејќи три месеци пред трагедијата која се случи на 21 јануари 2019 година, лиценцата за пренесување патници му била истечена.

Исто така е откриено дека авионот „Пајпер Малибу Н264ДБ“, не бил во возна состојба за толкава дистанца. Сала се согласил на овој превоз со којшто патуваше од Нант кон Кардиф во пресрет на неговиот трансфер во редовите на Сините птици, пред пилотот да ја загуби контролата врз авионот преминувајќи го Ле Манш каналот.

Во истрагата е наведено дека пилотот загубил контрола врз леталото откако се обидел да избегне облак, а поради големата количина на јаглерод моноксид ја загубил свеста, исто како и Сала. Пресметано е дека авионот удрил во водата со брзина при слободен пад од 434 километри на час, а дека крилјата на авионот се распаднале пред самиот удар.

- Оглас -

Најнови вести