По повод потписот на Роналдо се јави и Клоп, а најјака реакција имаше Рио Фердинанд (Видео)

Уште пред да се објави договорот помеѓу Кристијано Роналдо и Манчестер јунајтед, во Англија имаше многу реакции по најавата дека се враќа во Премиерлигата.

Менаџерот на ривалскиот Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека купување на 36-годишен играч ќе има само краток ефект.

„Не е мое да судам, едноставно има клубови кои сакаат така да работат, ние не правиме така. Очигледно е дека ова не е бизнис за иднината, клубот нема да има бенефит од ова за три-четири години. Ова е за сега, веднаш и толку“ – изјави Клоп.

Сепак, хит на социјалните мрежи е Рио Фердинанд. Легендата на Јунајтед кога слушнал за можноста Роналдо да се врати на „Олд Трафорд“ како домашен фудбалер, тој му се јавил по телефон на Роналдо. Португалецот му кажал што му кажал, а реакцијата на задоволниот Фердинанд беше ваква:

https://twitter.com/i/status/1431254016009383947

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести