По речиси 29 години, еден играч на Наполи направи подвиг кој Елмас го виде од клупата

Наполи со 3:1 славеше над Торино, победа со која тимот од Неапол се зацврсти на првото место во Серија А по осум одиграни меча. Отпорот на Торино траеше многу кратко и по неполни 15 минути беше најавено дека домаќинот ќе ги освои трите бода.

Андре Замбо Ангиса погоди за 1:0 во шестата минута, а веќе во 12 минута истиот играч повторно се израдува и Наполи веќе водеше со 2:0. Замбо Ангиса е првиот играч на Наполи кој успеал да даде два гола во првите 15 минути на меч во Серија А по пауза од речиси 29 години. Последен играч на Наполи кој тоа го имаше направено беше Даниел Фонсека во јануари 1994 година.

Сите дилеми околку победникот на овој меч ги реши, ѕвездата на Грузија, Кварцахелија кој погоди во 37 минута за 3:0. Торино преку Санабрија намали на 3:1 во 44 минута, а потоа следуваше мирно второто полувреме без погодоци.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 81 минута на местото на Кварцахелија.

- Оглас -

Најнови вести