Француското првенство е единствено од Топ-5 лигите во Европа кое не се доигра на фудбалскиот терен, туку беше решено да биде прекинато, а титулата административно беше доделена за Пари Сен Жермен, кој беше убедлив лидер во тој момент. Олимпик Лион е клубот кој најмногу настрада од прекинот на првенството затоа што екипата која повеќе од две децении играше во европските купови за време на прекинот беше на седмото место и не се избори за излез во европските купови.
Иако следната сезона нема да биде дел од натпреварувањата на УЕФА, за Лион оваа сезона не е завршена. Тимот е во осминафиналето од Лигата на шампиони и по првиот меч има 1:0 против Јувентус. За Лион останува да го одигра реваншот против италијанскиот првак и доколку успее да ја одбрани оваа позитива, ќе се најде на завршниот турнир кој ќе биде во Лисабон од 12 до 23 август.
Како подготовка за дуелот против Јувентус, Лион речиси по четири месеца пауза реши конечно да се активира. Францускиот тим синоќа одигра меч, и тоа против швајцарскиот аматерски тим на Порт Валаис. Тоа е екипа која се натпреварува во шестата лига на Швајцарија, па затоа не е ни чудно што Лион на крајот победи со убедливи 12:0.
Мемфис Депај уште во втората минута со гол најави дека ова ќе биде убедлив триумф. Депај на крајот заврши со четири погодоци, колку што имаше и Тино Кадевере.
Nos Lyonnais commencent la préparation par une victoire face à Port-Valais sur le score de 12 à 0. @Memphis ⚽⚽⚽⚽
Tino Kadewere ⚽⚽⚽⚽
Karl Toko Ekambi ⚽⚽@MaxenceCaqueret ⚽
Thiago Mendes⚽ pic.twitter.com/ALj3J6Yyxx— Olympique Lyonnais (@OL) July 1, 2020