По Санчо, Јунајтед е блиску да договори уште едно големо засилување

Манчестер јунајтед е клубот кој засега е најактивен на трансфер-пазарот. Англискиот вицешампион издвои 90 милиони евра за Џејдон Санчо, кој официјално ќе ја задолжи опремата на Црвените ѓаволи по завршувањето на ЕП, а на „Олд Трафорд“ дотогаш може да пристигне уште едно големо засилување.

Станува збор за Рафаел Варан, дефанзивецот на Реал Мадрид, кој е во потрага по нов предизвик по речиси една деценија мината на „Сантијаго Бернабеу“. Кралевите до неодамна настојуваа да добијат отштета од 70 милиони евра за францускиот стопер, но за да му ја остварат желбата да си замине од Мадрид, клубот ја намали цената на 50 милиони евра.

Управата на Јунајтед моментално работи на тоа да постигне договор со Варан, па во најскоро време може да се комплетира новата аквизиција со која тимот на Оле Гунар Солскјер потврдува атак на титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести