По точно 20 години се повтори чудото што го направи Манчестер јунајтед против Баерн во финалето од ЛШ

Бразилскиот Фламенго со 2:1 го победи Ривер плејт, во финалето на Копа Либертадорес. Ова натпреварување е пандан на Лигата на шампиони во Европа, па победникот го има приматот на најдобар тим во Јужна Америка. Тоа што синоќа се случуваше во финалето е чудо кое ќе се раскажува уште долго време, а многу потсети на финалето од ЛШ од пред точно 20 години.

Што се случуваше пред 20 години? Во финалето на ЛШ играа Манчестер јунајтед и Баерн Минхен. Германскиот тим водеше со 1:0 по првото полувреме и така беше до самиот финиш. Тогаш започна драмата. Манчестер израмни во 91 минута и сите очекуваа да има продолженија.

Сепак, Црвените ѓаволи го искористија шокот на противникот и во 93 минута со погодокот на Оле Гунар Солскјер стигнаа до победа од 2:1 и станаа европски прваци.

https://youtu.be/RqCQgH38J8M

Синоќа се случи речиси истото во финалето на Либертадорес Купот. Ривер водеше на полувремето со 1:0 и така беше се до 89 минута. Фламенго успеа да израмни во финишот, а во 92 минуа, Бразилците постигнаа уште еден гол за комплетен пресврт и станаа шампиони на Јужна Америка.

Играчите на Фламенго почувствуваа каква им била радоста на фудбалерите на Манчестер јунајтед, додека тие на Ривер плејт беа во ситуација на неверување како што се чудеа сите во Баерн Минхен пред 20 години. Драмата од синоќешното финале и погодоците, може да ги видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести