Точно по шест месеци и еден ден победија во Премиер лигата

Веќе нема тим без победа во англиската Премиер лига откако Шефилд јунајтед на свој терен славеше против Њукасл минимално со 1:0, во рамките од 18-тото коло. За Шефилд ова е прва победа сезонава и само со пет бода остана „закован“ на дното на табелата.

Шарп од пенал погоди во 73-тата минута за радост на домаќините и ставање крај на една очајна серија без радост во првенството. На Шефилд му се закануваше да го стигне неславниот рекорд на Болтон, кој во далечната 1902/03 сезона морал да одигра 22 натпревари за да стигне до првата победа во елитното англиско фудбалско друштво.

За Шефилд ова беше прва победа во првенството точно по шест месеци и еден ден. Тимот се немаше израдувано од 11 јули, кога на свој терен со 3:0 го победија Челзи. Вкупно 22 натпревари траеше постот на Шефилд, а Њукасл е тимот кој вечерва не успеа да освои бодови со „фенерџијата“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести