По трансферот на Минамино, расте популарноста на Ливерпул во Јапонија

Со купувањето на Јапонецот Такуми Минамино, Ливерпул не само што ја засили конкуренцијата во офанзивната линија, туку тоа ќе се покаже и како добар маркетиншки потег.

Минамино, кој дојде од австрискиот Салцбург, дебитираше во црвениот дрес на мечот од ФА купот со Евертон, одигра 70 минути, а наскоро ќе стане и деветтиот Јапонец што заиграл во Премиер лигата и веројатно третиот кој освоил титула во англиското првенство.

Секретарот на официјалниот фан клуб на Ливерпул во Јапонија рече дека популарноста на клубот пораснала и дека со Минамино, Ливерпул може да добие фанови колку што имаат Реал Мадрид и Барселона како европски клубови со најмногу фанови во земјата на изгрејсонцето. Од овој месец, па натаму може да се очекува зголемено присуство на Јапонци на трибините на „Енфилд“ и повеќе придадени дресови со името на Минамино.

Во моментов, најпопуларен англиски клуб во Азија е Манчестер јунајтед, а за второто место се борат Ливерпул и Челзи.

- Оглас -

Најнови вести