Егзотичен гостин по 3 години пак тропна на швајцарските прволигашки порти

Клубот од Лихтенштајн, Вадуз, повторно ќе игра во најсилната швајцарска фудбалска лига, откако беше посупешен во бараж двомечот со Тун за пласман во елитата.

Вечерва играчите на Вадуз загубија со 4:3 на „Штокхорн“ арената како гости, но беа подобри во првиот меч со 2:0 и по три години пауза пак ќе играат во најсилната швајцарска фудбалска лига.

Вадуз, кој игра како гостин во швајцарските лиги, а настапува за Лихтенштајн во европските купови е уникатен случај во Европа, но има солидни резултати во многу посилна конкуренција од клупската сцена на својата земја.

Тун тргна во двомечот за последниот билет во елитата како прволигаш, но поразот од 2:0 на првиот меч му даде огромна предност на Вадуз.

Тимот од Лихтенштајн успеа да се одбрани вечерва во возбудлив реванш-меч со многу пресврти. Поведоа со 1:0, па губеа со 2:1, а потоа повторно поведоа со 3:2 и со уште еден пресврт загубија со 4:3. За нив и поразот во меч со 7 гола беше доволен да се пласираат во Првата швајцарска лига, додека Тун се сели во понизок ранг.

 

- Оглас -

Најнови вести