По три кола во кои освои само еден бод, Вардар денеска се врати на победите откако без многу проблеми со 3:0 славеше над Слога Виница, во меч од Втора фудбалска лига.
На стадионот „Борис Трајковски“, првата радост за Црвено-црните стигна во 26-тата минута, кога мрежата на гостите ја затресе Жоглев. Потврда на победата на Вардар стигна до два гола во раната фаза на второто полувреме. Во 46-тата минута Николовски погоди за 3:0, а Митев зголеми на 3:0 во 54-тата минута.
По овој триумф, Вардар сега има 56 бода, но останува на третото место на табелата со идентично заостанување во однос на лидерот Воска (62 бодови) и Гостивар (58 бодови).
Воска со голот на Фетаи постигнат во 19-тата минута стигна до трите бода на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија. И Гостивар беше успешен на гости, и тоа кај Арсеми, победувајќи со 2:0.
Резултати: Тетекс – Беласија 3:2, Борец – Локомотива Пехчево 0:3, Детонит – Каменица Саса 5:1, Кожуф – Воска 0:1, Охрид – Беса 0:1, Пелистер – Караорман 2:0, Вардар – Слога Виница 3:0.

