По три месеци, Шариќ повторно ќе го „трампаат“

Раковдството на Минесота очекуваше многу повеќе од талентираниот олраунд-кошаркар Дарио Шариќ, а само по три месеци во клубот, Хрватот ќе му биде понуден на некој од клубовите во НБА-лигата, во размена за прв пик на некој од идните драфтови и еден играч.

Шариќ на почетокот на сезоната беше дел од големата трампа на кошаркари на Филаделфија и Минесота, си замина од редовите на популарните „76-ки“, но не се снајде добро во новиот клуб.

Има лош просек од малку повеќе од пет поени по меч за играч од негов калибар и веројатно по вторпат во краток период ќе менува клуб во НБА-лигата. Последниот рок за размена на кошаракри во НБА-лигата е четврток.

- Оглас -

Најнови вести