По вчерашниот меч, на Реал му смислија и нов грб (Фото)

Реал Мадрид се израдува на првиот триумф во новата сезона во Примера откако во драматичен меч со 3:2 го победи Бетис на гости. Покрај петте погодоци, во фокусот на мечот беше ВАР системот кој неколку пати беше употребен и секогаш одлуките беа во полза на Реал. Тренерот на Бетис Мануел Пелегрини по средбата искоментира дека не може да се победи Реал и ВАР системот.

„Кога играте против Реал Мадрид и против ВАР тоа е премногу. Во првото полувреме бевме многу подобар тим. Дадовме два гола, имавме три чисти шанси. Во второто полувреме мечот беше поизрамнет, а потоа добивме црвен картон, па и пенал против нас. Кога играте против Реал и поради ВАР системот добивате исклучен играч и пенал, е тогаш е многу тешко да се победи“, рече Пелегрини.

Речиси сите шпански весници потенцираа дека оваа победа на Реал е со помош на ВАР системот, а на социјалните мрежи од синоќа излегоа неколку зајадливи фотографии кои алудираат на тоа дека Реал постојано има помош од технологијата, па Кралскиот клуб „доби“ дури и нов грб.

 

- Оглас -

Најнови вести