По заминувањето на Џордан, Чикаго булс е катастрофа, од тоа се плашат во Барселона

Веројатното заминување на Лионел Меси од Барселона ги плаши сите во клубот и навивачите затоа што се свесни дека може да им се случи сценариото на Чикаго булс во НБА-лигата по заминувањето на Мајкл Џордан. За Барса, Меси е исто како и Џордан што беше за Булс. Не постојат други спортисти кои имале толку големо влијание во некој клуб.

Откако Џордан си отиде од Булс во 1998 година, тимот веќе не освои ништо и падна во просечност, дури и под просек. Тимот се распадна, си заминаа и другите ѕвезди и тренерот Фил Џексон. Џордан освои шест титули, а Меси како играч на Барселона шестпати беше најдобар светски фудбалер на годината.

Барселона постоела и освојувала трофеи и пред Меси, ќе постои и ќе освојува и по него, но ништо нема да биде исто. Дресовите на Џордан уште се најпродавани од тие со логото на Булс, а без Меси, Барселона ќе загуби многу и во маркетиншкиот дел, што е проблем периодов кога се губат пари поради корона-вирусот. Заминувањето на Меси ќе донесе неизвесност во следниот период, затоа и постои страв што ќе се случува со клубот.

- Оглас -

Најнови вести