Побара раскинување на договорот, па се премисли кога сфати дека ќе загуби милиони

Хави Грасија, тренерот на Валенсија, побарал раскинување на договорот поради несогласувања само по три месеци откако ја доби работата на „Месталја“, но веднаш се премислил откако му стана јасно дека ќе ги загуби загарантираните три милиони евра.

Шпанскиот стратег остана без неколку клучни првотимци летово поради финансиската нестабилност на клубот, но очекувал дека клубот ќе му обезбеди нови играчи во пресрет на актуелната сезона, но тоа не се случи. Поради тоа Грасија одлучил да си замине од „Месталја“, но трите милиони евра засега му се голема пречка.

Од Валенсија летово си заминаа клучни фудбалери, како капитенот Дани Парехо, Родриго Морено, Франсис Кокелан, Феран Торес, за вкупна сума од 60 милиони евра, средства кои Валенсија ги искористи да покрие трошоци и штети од пандемијата со корона-вирусот.

Во меѓувреме Грасија работи со истите фудбалери кои и минатата сезона беа во Валенсија, па резултатите по пет кола во Ла Лига не се убедливи. Лилјаците имаат седум бода од максимални 18 и се на осмото место на табелата од шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести