Победа на одбојкарите за самодоверба

Македонската одбојкарска репрезентација ја извојуваа првата победа во подготвителниот циклус пред ЕП 2019. Во салата на СРЦ „Кале” во Скопје, „црвено-жолтите“ се радуваа против Шведска со 3:2 во сетови и првпат ја почувствуваа сласта, после долгиот период на напорни тренинзи на физички план во Маврово и поразите од Романија минатиот викенд.

Петтиот сет против Швеѓаните заврши со 16-14 за Македонија.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ уште не се во посакуваната натпреварувачка форма, недостасуваа поени од блок, а нападот беше продуктивен кога немавме проблеми со приемот. Простор за корекции има, а има и доволно време до премиерата на континенталниот собир којшто ќе биде дебитантски за нас. До одвај очекуваниот датум, 12-ти септември, кога во групата „Ц” во Љубљана ќе играме со Финска, најпрво ќе има уште еден контролен дуел со Шведска в недела, а потоа уште четири пријателски средби.

 

- Оглас -

Најнови вести