Победа што се памети – Девојките од Фламенго растурија со триумф од 34:0, десет гола даде феноменалната Аргентинка

Бразилскиот тим Фламенго ја забележа највисоката победа во женска конкуренција во 2022 година, откако ги декласираа ривалките од Сао Пауло со 34:0.

Брилијантна беше Аргентинката, Флоренсија Соледад Хаиме која сама постигна двоцифрен број на голови, точно 10.

По првото полувреме беше 16:0 за апсолутниот фаворит Фламенго, кој потоа во продолжението беше немилосрден кон ривалките и постигна уште 18 погодоци.

„Ми е жал за девојките од Сао Пауло, но тоа е спортот и фудбалот. Не смееш да калкулираш и да попушташ, бидејќи така нема да биде фер. Се надевам дека ќе напредуваат и ќе успеат во иднина и да го достигнат нашето ниво“, изјави Хаиме.

Пет гола постигна Пепер, по 4 дадоа Крис и Даубт, а Леидијане даде три гола на меч со рекорден број на погодоци на кој дури 12 фудбалерки на Фламенго се запишаа во листата со стрелци.

 

- Оглас -

Најнови вести