Победата на Летонија се слушна до „Кале“

Летонија ја победи селекцијата на Израел со 3-1 (28-26, 24-26, 25-23, 25-23) и на тој начин им овозможи на нашите одбојкари сами да си одлучуваат за пласманот на Европско првенство 2019 година.

Сега нашата репрезентација треба да ја совлада Унгарија во три сета, а на средбата која се игра во СЦ „Кале“, во овие моменти Македонија води со 1-0 во сетови. Присутните во салата „Кале“ скокнаа од радост откако разбраа дека Летонија ни направи голема услуга, а на нашите одбојкари им останува да ги освојат и следните два сета за да испишат нови страници во историјата на овој спорт.

- Оглас -

Најнови вести