Победата на Ѕвезда ја славеше и Ѓоковиќ, но пејачот Аца Лукас посебно „одлепи“

Триумфот на Црвена ѕвезда во неверојатната пенал-серија против Копенхаген во главниот град на Данска израдува многу познати личности од јавниот и спортскиот живот во Србија, а најжесток беше пејачот Аца Лукас.

Додека, тенисерот Новак Ѓоковиќ рече дека по победата скокал и славел како никогаш претходно, а пејачот Кеба се пофали дека погодил дека Ѕвезда по пенали ќе се пласира во плејофот за Лигата на шампионите, Аца Лукас, во негов стил, не бираше зборови при еуфоричното славење.

„Браво момци, напред Ѕвезда. Читам дека Данците се однесувале потценувачки кон нашите играчи, навивачи и новинари. Во согласност со тоа, еве да им се обратам: Данци индијанци, да им го … на вашите мајки. Сега потценувајте кого сакате, бледи, анемични мекуши. Овие момци ви дадоа лекција по тие ваши скандинавски задници. Мрш“, беше пораката од фолкерот.

- Оглас -

Најнови вести