Победата од 6-2 е подарок за мојата сопруга, денес славиме 26 години брак

Менаџерот на Тотенхем беше презадоволен и полн со пофалби кон неговите фудбалери во победата од 6-2 над Евертон вечерва. „Петлите“ буквално ги стопија „карамелите“ за големо разочарувања на „Гудисон“.

Конечниот резултат имаше посебно значење за Маурисио Покетино. Стратегот денес слави 26-годишнина со неговата сопруга, па бројките кои стоеја на семафорот (2-6) по крајот на средбата беа како нарачани токму за сопругата на Покетино.

„Резултатот е порадок за мојата сопруга. Се венчавме пред 26 години, секако дека има симболика. Верувам во енергијата на универзумот, па некако сѐ се надоврза, беше неверојатно. Размислував што да ѝ подарам за годишнината, па ете, овој 2-6 резултат е подарок од мене за неа“, истакна Покетино.

Дуелот на „Гудисон парк“ засега е меч на кој се постигнаа најмногу погодоци сезонава во Премиер лигата, дури осум. Претходно, Манчестер сити го држеше тој учинок во победата од 6-1 над Саутхемптон, во рамките од 11-тото коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести