Победи на двете Борусии по ист терк

Бундеслигашите минаа половина од патот сезонава, на ред е 19. коло, второ од продолжението на првенството, а нашиот експерт за германски фудбал, Александар Васоски, очекува екстра ефикасна рунда. Предвидува рутински победи на двете Борусии, нов ефикасен меч на неговата поранешна екипа Ајнтрахт Франкфурт и расположени стрелци на Мајнц и на Волфсбург.

Еве ги петте предлог типови на тренерот на Вардар за 19. коло во Бундеслигата:

 

Борусија Менхенгладбах – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)

Борусија има неверојатен биланс од 8 победи на домашен терен на исто толку натпревари и „Борусија Парк“ стана непробојна тврдина што не може да ја освои ниту Аугсбург.

Домаќините се неприкосновени, играат одличен фудбал сезонава и очекувам во ефикасен меч да ги разрешат сите дилеми околу победникот уште по првото полувреме.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.80)

 

Борусија Дортмунд – Хановер (Сабота, 15.30 часот)

Популарните „милионери“ држат ритам и предност пред Баерн на врвот на табелата и од нив очекувам нова победа против скромниот тим на Хановер.

Сезонава Хановер е единствениот тим што нема победа на гостински терен, а речиси е невозможно да се очекува лошата серија од 9 меча без триумф како гостин да ја прекине во Дортмунд.

Иако последните четири дуели на „Вестфален“ меѓу овие две екипи беа неефикасни и завршуваа со само еден постигнат гол, сега очекувам повеќе голови и Борусија брзо да го реши мечот. И секако да освои нови бодови во битката за титулата. За похрабрите би типувал 1-1&4+, но посигурна варијанта е истиот тип, комбиниран со најмалку три голови на мечот.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.83)

 

Мајнц – Нирнберг (Сабота, 15.30 часот)

Мајнц ќе постигне најмалку два гола, бидејќи игра со еден од најслабите тимови во Бундеслигата. Нирнберг нема победа на последните 10 натпревари, игра лошо и се наоѓа во голема криза. Ако не променат нешто во играта веќе ќе бидат сериозни кандидати за испаѓање.

Мајнц на последните 10 натпревари во Бундеслигата постигнува најмалку по еден погодок, што е одлична серија.

На Нирнберг на последните четири меѓусебни натпревари на „Опел“ арената му даваше најмалку по два гола и очекувам серијата да продолжи.

Предлог тип: Т1 2+ (1.80)

 

Волфсбург – Баер Леверкузен (Сабота, 15.30)

И двете екипи го почнаа вториот дел со пораз, што им влијае на амбициите да обезбедат настап во европските купови. Волфсбург игра подобро сезонава од Баер, екипа од која очекував повеќе.

Овој меч може да им донесе значајни бодови на двете екипи. Верувам дека Волфсбург е поблиску до победа.

Традицијата во меѓусебните дуели открива неверојатен податок, дека од последните 21 меч на 20 имало најмалку три голови. Верувам дека и денеска ќе биде ефикасно на „Фолксваген“ арена, а очекувам Волфсбург да постигне минимум два гола.

Предлог тип: Т1 2+ (2.15)

 

Вердер – Ајнтрахт (Сабота, 18.30)

Се најавува нов ефикасен меч на две екипи што играат брз и офанзивен фудбал. И Вердер и Ајнтрахт се во горниот дел на табелата и според бодовите и според головите.

Последните меѓусебни дуели им беа ефикасни, пет по ред се со ГГ&3+ и како играат и Вердер и Ајнтрахт очекувам нивната серија мечеви со многу голови да продолжи и денеска.

Предлог тип: 4+ (2.35)

 

- Оглас -

Најнови вести