Победнички кош со последен допир – Драма над драмите во Денвер, на Хилд не му се играше уште едно продолжение (Видео)

На Бади Хилд не му се играше второ продолжение во Денвер против Нагетс и со последен допир на топката, точно пред истекот на времето во првото продолжение постигна поени за победа на Сакраменто кингс од 124:122.

Никола Јокиќ загуби топка во последниот напад за евентуална победа на Денвер, но се чинеше дека ќе има уште едно продолжение откако Вил Бартон го блокираше обидот на Харисон Барнс, но тоа не се случи. Хилд беше веднаш зад нив и со допир на топката ја протна низ мрежичката за стартна победа на Кингс во новата сезона во НБА-лигата.

Слична драма имаше и во Бостон, а таму јунак беше Џејсон Тејтум. Играчот што го продолжи договорот со славните Селтикс за сума од 195 милиони долари постигна победничка тројка преку најскапиот играч во НБА-лигата, Јанис Адетокумбо, а домаќините славеа со 122:121.

Јанис потпиша нов договор со Милвоки бакс за рекордна сума од 250 милиони долари, што може да достигне и до 268 милиони долари ако се исполнат сите бонуси, но не успеа да го спречи Тејтум да постигне тројка во последната секунда.

Адетокумбо, кој беше најефикасeн на мечот со 35 поени, потоа се претвори во вистински трагичар. На четири стотинки до крајот на дербито, го промаши второто слободно фрлање за израмнување, што значеше и победа на Бостон против Милвоки од 122:121.

Резултати: Кливленд – Шарлот 121:114, Индијана – Њујорк 121:107, Орландо – Мајами 113:107, Филаделфија – Вашингтон 113:107,  Бостон -Милвоки 122:121, Торонто – Њу Орлеанс 99:113, Чикаго – Аталанта 104:124, Мемфис – Сан Антонио 119:131, Минесота – Детроит 111:101, Денвер – Сакраменто 122:124 (по едно продолжение), Портланд – Јута 100:120, Феникс – Далас 106:102.

- Оглас -

Најнови вести