Победнички марш на Спартанците во Тузла, за полуфинале ќе чекаме помош од Романија

Македонската одбојкарска репрезентација славеше убедливо со 3-0 во сетови (25-21, 25-21, 25-20) на гостувањето во Тузла против Босна и Херцеговина.

За пласман во полуфиналето од европската Сребрена лига, ќе се чека помош од Романија која утре треба да ја надигра албанската селекција без загубен сет, или со 3-1.

Капитенот Никола Ѓоргиев со 22 поени го предводеше нашиот национален состав до втората победа во групната фаза, по што Македонија се изедначи со второпласираната Албанија на 10 бода.

- Оглас -

Најнови вести