Победникот на Суперболот всушност беше познат уште пред да почне мечот, и тоа со еден потег!? (Видео)

Лос Анџелес рамс се победници на 56-тото издание на најпопуларниот спортски настан во САД, Суперболот. Во финалето во Лос Анџелес, тимот кој ја имаше привилегијата да игра на домашен терен, славеше над Синсинати со 23:20.

Иако финалето беше решено буквално во последниот напад, многумина кои веруваат во традицијата ќе речат дека победникот на Суперболот бил познат уште пред да почне дуелот.

Зошто е тоа така? Традицијата на последните сеудм финалиња во Суперболот вели дека тимот кој ќе победи во фрлањето на паричката пред мечот, на крајот го губи финалето. На овој Супербол, Синсинати беше тимот кој победи во фрлање на паричката, а традицијата остана доследна.

На крајот, по осми пат во низа, тимот кој победил во фрлањето на паричката, на крајот губи.

 

- Оглас -

Најнови вести