Побрзајте, првиот меч од новото коло на Спортска прогноза се игра во 15:30 часот

Со натпреварот меѓу Мајнц и Фрајбург (15:30) часот се отвора новото, петто коло од Спортската прогноза, а доколку не сте ја пронашле вистинската комбинација, сега е време да го сторите тоа.

Прогнозерите едногласно заклучија дека Мајнц е апсолутен фаворит, идентично како и на мечот Барнли – Арсенал кој се игра 30 минути подоцна. „Топчиите“ мора да триумфираат доколку сакаат да го поправат впечатокот по катастрофалниот почеток во Премиер лигата.

Ова коло се затвора во понеделник кога Елиф Елмас со својот Наполи ќе гостува кај Удинезе. Мнозинството (повеќе од 80 проценти) верува на тимот од Неапол, додека помалку од два проценти верува во триумф на домаќинот.

За вовед на новите играчи, доколку ги погодите сите 13 натпревари, ќе го добиете прекрасниот „Ајфон 12“, тие со еден промашен пар ќе освојат ваучер од 1000 денари, додека, пак со два промашени пара ќе освојат ваучер од 500 денари.

За да учествувате во оваа игра, потребно е да имате бесплатна СЛ картичка, која можете да ја извадите од било кое уплатно место на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести