Побуна во соблекувалната на Манчестер јунајтед: Како може Мегваер да ни биде капитен?

Хари Мегваер беше доведен како најголемо засилување за Манчестер јунајтед во дефанзивната линија, но тој не ги оправда очекувањата.

Најскапиот дефанзивец во фудбалот дојде од Лестер во трансфер кој се случи во 2019 година вреден 90 милиони евра, а интересно е што му беше доделена капитенската лента веќе наредната сезона.

А, по дебаклот од Ливерпул, некои од играчите се побуниле и поставиле прашање: Како може Мегваер да ни биде капитен?

Ваквата вест ја пренесува лондонскиот „Тајм“, кој тврди дека вчера се одржал состанок меѓу Оле Гунар Солскјер стручниот штаб, како и фудбалерите кои исто така посочиле дека не е добра формацијата којашто ја применува Норвежанецот.

Во минатото, капитен на Манчестер јунајтед беше фудбалерот со најдолг стаж, а во моментов тоа е Давид де Хеа, а негов заменик според оваа хиерархија, треба да биде Маркус Рашфорд.

- Оглас -

Најнови вести