Почекаа да се спасат од испаѓање, па го избркаа тренерот

Дени Каули доби отказ во Хадерсфилд и нема веќе да биде тренер на второлигашот, а интересно е што управата на клубот одлучи да го смени кормиларот, откако е обезбеден опстанокот во Чемпионшип.

Со Дени си заминува и неговиот брат и асистент тренер, Ники Каули, а и двајцата сепак си одат од клубот победнички.

Хадерсфилд успеа со триумф од 2:1 против Вест Бромвич Албион во претпоследното коло да обезбеди опстанок во Чемпионшип.

Сепак и тоа не беше доволно за да останат како братски тандем на кормилото на клубот, кој беше премиерлигаш во сезоната 2017/18 и имаше големи амбициии оваа сезона во обид да се врати во елитата.

Од Хадерсфилд најавија дека наскоро ќе го објават името на новиот менаџер, кој ќе ги предводи во Чемпионшип во следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести