Почина братот на Зинедин Зидан

Фудбалерите на Реал Мадрид пред почетокот на денешниот прв тренинг, со едноминутно молчење му оддадоа почит на Фарид Зидан, еден од браќата на тренерот Зинедин Зидан, кој почина денеска.

Зинедин Зидан вчера од Монтреал се врати во Европа од приватни причини, а денеска се дозна вистинската причина. Тој сакал да биде со својот брат во последните мигови од животот. Фарид боледувал од рак.

Зидан на својот тим ќе му се врати за некој ден. Првата контролна средба е ноќта помеѓу 20 и 21 јули против Баерн, и се очекува Зизу да биде на клупата. Во отсуство на Зидан, со „кралевите“ работи помошниот тренер Давид Бетони.

- Оглас -

Најнови вести