Почина четирикратниот освојувач на Грен слем турнири

Ешли Купер е еден од единаесеттемина тенисери во историјата на тенисот кои успеале во една календарска година да победат на три Грен слем турнири, а почина денеска на 83-годишна возраст. Купер веќе подолго време бил болен.

Прославениот австралиски тенисер во 1957 година успеа да победи на Отвореното првенство на Австралија, а следната година триуфмираше на Отвореното првенство на Австралија, Вимблдон и Отвореното првенство на САД.

Освен на индивидуално ниво, Купер беше дел и од репрезентацијата на Австралија која го освои Дејвис купот во 1957 година.

- Оглас -

Најнови вести