Почина човекот што го имаше на првата сликичка испечатена од „Панини“

Фудбалска Италија тагува по Бруно Болки, кој почина на 82-годишна возраст. Болки, кој како играч настапуваше за Интер (со кого во 1964 стана европски првак), Верона, Аталанта и Торино, а потоа од 1971 до 2007 година работеше како тренер со многу клубови од Италија, е најпознат по нешто друго.

Болки беше на првата сликичка која ја испечати познатата компанија „Панини“ на 27 август 1961 година и со тоа влезе во историјата.

„Панини“ од 1970 година наваму прави албуми со сликички за сите светски првенства во фудбал. Во моментов во тек е собирање на албумот со самолепливи сликички за Мундијалот во Катар.

- Оглас -

Најнови вести