Почина човекот кој ја создаде највредната фудбалска топка во историјата

Аргентинскиот новинар Жезус Феро повеќе децении работеше на создавање на „највредната топка“ во историјата, а денеска почина на 68 години. Феро речиси три децении собираше потписи од најдобрите фудбалери во историјата, кои свој печат останаа на една фудбалска топка.

Топката која е вистинско богатство има потписи од 40 најважни фудбалери во историјата. Почнувајќи од потписите на Ди Стефано, Пеле, Марадона, преку Еузебио, Бекенбауер, Кројф, Ван Бастен, Зико, Рикелме, па се до Кристијано Роналдо и Лионел Меси, имаат оставено свој потпис на највредната топка во историјата.

Овие потписи Феро започнал да ги собира за време на Светското првество во Италија во 1990 година. Во новинарската кариера тој известувал од Мундијалите во Шпанија 1982 година, Италија 1990, Германиј 2006, Бразил 2014, како и од Олимписките игри во Сеул 1988 година и Барселона 1992 година.

- Оглас -

Најнови вести