Почина човекот кој со Феникс стигна до финале во НБА како играч и тренер

Пол Вестфал почина на 70-годишна возраст откако ја загуби битката со рак на мозокот кој му беше дијагностициран минатата година.

Вестфал во најсилната лига на светот пристигна во 1972 година како член на Бостон селтикс и по само две години успеа да ја освои својата прва и единствена титула во НБА лигата. Поголемиот дел од кариерата го помина во Феникс санс, тимот со кого успеа да стине до големото финале во 1976 година.

Вестфал играше уште и за Сиетл суперсоникс и Њујорк никс, додека тренерската кариера ја градеше токму во Аризона. Со Феникс и како тренер стигна до големото финале во сезоната 1992/93, кога во екипата ѕвезда беше Чарлс Баркли, но тогаш Сонцињата наидоа на незапирливите Чикаго булс на Мајкл Џордан.

Вестфал во 2019 година беше примен во Куќата на славните, а Феникс во негова чест го повлече дресот со бројот 44.

- Оглас -

Најнови вести