Почина човекот на кому Марадона му признаваше дека бил подобар од него

Во градот Росарио, каде е роден Лионел Меси, денеска почина Томас „Ел Тринче“ Карловиќ, некогашниот фудбалер кому Диего Марадона му има кажано: „Ти беше подобар од мене“, иако не одиграл ниту еден натпревар за аргентинската репрезентација.

Иако имал огромен талент, невозможно било да му се одземе топката, за што признава и големиот Марадона, Ел Тринче повеќе сакал алхокол и кафани, отколку да тренира. Според една урбана легенда, Ел Тринче бил кандидат за настап на Мундијалот во 1974 година, но го одбил селекторот со оправдување дека повеќе сака летото да го мине ловејќи риби.

Завчера во Росарио се возел со велосипед, бил нападнат и беше во кома. Аргентинецот со хрватско потекло имаше 74 години, а почина од последици од падот од велосипедот. За нападот уапсени се четири млади лица, иако крадец на велосипедот и напаѓач бил само еден.

- Оглас -

Најнови вести