Почина ексиграчот на ПСЖ кој беше 39 години во кома

Почина Жан-Пјер Адамс на 73-годишна возраст, ексфудбалерот на ПСЖ кој цели 39 години беше во кома. Операцискиот зафат на неговото колено во 1982 година за него заврши кобно, по фатална грешка на анестезиологот, кој употребил погрешен анестетик.

Пред самата операција, анестезиологот му вметнал погрешна доза на анестетик и фудбалерот доживеал бронхоспазам, кој оневозможува проток на кислородот во мозокот. Адамс заврши во кома од која не се разбуди, а до смртта живееше како билка.

Неговата сопруга Бернарде и покрај советите да го исклучи од апарати, не го стори тоа до последен момент надевајќи се дека со добро ќе заврши агонијата. Во меѓувреме, лекарите беа казнети само со едномесечно одземање на лиценцата и околу 800 долари парична глоба за фаталната грешка.

- Оглас -

Најнови вести