Почина Јапонецот кој присуствуваше на 14 Олимписки игри

Јапонецот Наотоши Јамада, кој беше познат по тоа што редовно присуствуваше на сите Летни Олимписки игри од 1964 година наваму, почина на 92-годишна возраст. Во родната земја го нарекуваа олимписки дедо.

Јамада првпат бил во гледалиштето на едни ОИ во далечната 1964 година во Токио, а само една година пред новите ОИ во главниот град на Јапонија, Јамада не дочека по вторпат на домашен терен да присуствува на најголемиот спортски настан.

Старецот починал во една болница во Токио, градот во којшто се следните ОИ.

„Тој секогаш велеше дека Токио 2020 ќе му биде кулминација на животот посветен на Игрите“, велат од неговото семејство.

Јамада бил на свеченото отворање и затворање на ОИ во Токио, Мексико сити, Минхен, Монтреал, Москва, Лос Анџелес, Сеул, Барселона, Атланта, Сиднеј, Атина, Пекинг, Лондон и Рио де Жанеиро. Ниту еден друг човек не може да се пофали со таков потфат. Познат беше по носењето шешир и јапонско знаме.

- Оглас -

Најнови вести