Почина легендарен тренер на фудбалскиот клуб Вардар

Поранешниот тренер на Вардар, Вукашин Вишњевац, почина во 80-тата година од својот живот. Тренерската легенда на поранешна СФРЈ кај нас е најпознат по тоа што во сезоната 1983/84 беше шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски клуб Вардар и им даде шанса да неколку идни ѕвезди кои на Вардар му донесоа титула.

Вишњевац ќе остане запаметен како човекот кој ги лансираше и под негово водство дебитираа голем број играчи кои потоа ќе ја освојат титулата, како: Дарко Панчев, Драги Сетинов, Чедомир Јаневски и други. Освен како тренер, Вишњевац остави трага во Вардар и со тоа што целосно го реформираше спортскиот сектор, инсистирајќи на играчи од својата школа, но и ги собираше најдобрите фудбалери кои играа во клубовите на територијата на Македонија.

Во својата тренерска кариера беше и селектор на репрезентацијата на Јордан. Тренерската кариера ја започна во Истра, а потоа беше тренер и на: Сараево, Вележ, Олимпија, Војводина, Ријека, Приштина… Беше и селектор на репрезентацијата на Јордан.

- Оглас -

Најнови вести