Почина легендарниот Пантелиќ, голманот кој го даде најпознатиот гол во бивша Југославија (Видео)

Од последици од корона-вирусот, почина легендарниот српски голман Драган Пантелиќ, човек кој беше познат како најдобар стрелец меѓу голманите во поранешна Југославија и стрелец на најпознатиот гол во поранешна Југославија, кога во 1980 година на меч помеѓу Раднички Ниш и Вележ од 80 метри со дегажман му даде гол на легендарниот Енвер Мариќ, кој претходно бранеше на СП и во Бундеслигата.

Пантелиќ почина на 69-годишна возраст. Тој бранеше за Раднички, Бордо и за репрезентацијата на Југославија. Во последните години се повлече од фудбалот и преокупација му беше лов на диви свињи.

Пантелиќ беше речиси непогрешлив изведувач на пенали, во кариерата даде 29 гола, два гола даде и за националниот тим во квалификациите за СП 1982, а незаборавен е погодокот кој со помош на ветрот му го даде на Мариќ и на Раднички му донесе победа со која се пласираа во Купот на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести