Почина легендарниот Сер Френк Вилијамс

Најдолговечниот шеф во Формула 1 историјата, Френк Вилијамс почина на 80 години. Вилијамс е еден од најзаслужните ликови во светот на Ф1 и цели 50 години беше дел од најбрзиот циркуз во светот.

Вилијамс заедно со Патрик Хед го основаа тимот на Вилијамс. Френк се радуваше на седум титули кај возачите и девет трофеи кај конструктирите.

Во 1986 година, Вилијамс во сообраќајна несреќа заработи повреда на рбетот и мораше да продолжи од количката. Во 2016 година имаше сериозна пневмонија и заврши во болница, а потоа престана да патува на трките.

„Клер Вилијамс ме извести дека утрово починал нејзиниот сакан татко, Сер Френк Вилијамс. Тој беше вистински гигант во нашиот спорт. Загубивме важен член во нашето Ф1 семејство, а неговите постигнувања ќе живеат вечно“, рече претседателот на Ф1, Стефано Доменикали.

- Оглас -

Најнови вести