Почина спринтерот кој прв истрча 100 метри под десет секунди

Легендарниот американски спринтер Џим Хајнс почина на 76-годишна возраст.

Хајнс е првиот човек кој официјално истрча 100 метри под десет секунди.

Хајнс прво на првенството на САД, кое се одржа во Сакраменто во 1968 година, 100-те метри ги истрча за 9,9 секунди, но бидејќи времето не се мереше електронски, не му беше признат рекордот.

Но, со победата на трката во Сакраменто, Хајнс обезбеди настап на Олимписките игри во Мексико сити кои се одржаа истата година и таму Американецот го освои златниот медал на 100 метри со време од 9,95 секунди.

https://twitter.com/pjvazel/status/1665374969826615299?s=20

Овојпат времето се мереше електронски, со што Хајнс стана првиот атлетичар кој и официјално ја поминал магичната граница од 10 секунди.

Неговиот светски рекорд беше активен цели 15 години, сè додека Калвин Смит во 1983 година не истрча 9,93 секунди на 100 метри.

По настапот на ЛОИ во Мексико сити, каде што освои и златен медал во штафетата 4х100 метри, Хајнс играше професионално во НФЛ-лигата за екипите на Мајами делфинс и Канзас сити чифс.

- Оглас -

Најнови вести