Се удави светскиот првак во сноуборд

Двократниот светски првак во сноуборд Алекс Пулин е пронајден мртов во близина на Квинсленд, Австралија. Пулин, кој го носеше австралиското знаме на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, заминал да нурка, а подоцна било пронајдено неговото безживотно тело во водата. Лекарите се обиделе да го спасат, но било неуспешно.

Пулин заминал да нурка без маска и боца за кислород, па претпоставките се дека се удавил.

Пулин имаше само 32 години и беше еден од најуспешните во својот спорт. Во 2011 и 2013 година беше светски првак во сноуборд.

- Оглас -

Најнови вести