Почина вториот најдобар стрелец во историјата на Ливерпул

Почина легендата на Ливерпул и поранешен англиски репрезентативец, Роџер Хант. Тој имаше 83 години, а познат е по тоа што е втор стрелец во клупската историја на Црвените и беше светски првак со Англија во 1966 година. За Ливерпул играше од 1958 до 1969 година и според бројот на голови само во првенството, тој е прв стрелец во историјата на клубот.

Хант во Ливерпул дојде како 20-годишен од аматерскиот Стоктон Хит и никој не му предвидувал блескава кариера, но носејќи го црвениот дрес 11 години, во кој даде 285 гола, кои беа рекордни до 1992 година, кога беше надминат од Иан Раш, тој докажа дека е супер фудбалер. Само во англиското првенство даде 244 гола, што е повеќе од кој било друг што играл за славниот клуб.

За селекцијата на Англија даде 18 гола на 34 настапи.

- Оглас -

Најнови вести