Почна 89-тото Светско првенство во снукер, О‘Саливен оди по нов историски потфат!

Денеска започна 89-тото Светско првенство во снукер, а 47-ма година по ред овој настан се одржува во „Крусибл“ театарот во Шефилд.

Актуелен шампион е англиската легенда и најпопуларен играч на сите времиња, Рони О‘Саливен, кој заедно со Стивен Хендри го дели првото место во модерната ера на снукерот со по седум трофеи.

Ракетата веќе го почна својот меч од првото коло против Кинезот Панг, и води со 6-3. Првата рунда се игра во десет добиени фрејмови. Против Рони одат податоците дека само еднаш ја одбранил светската титула, и дека е во прилично лоша форма сезонава.

СП во снукер ќе трае до 1 мај, а победникот ќе освои и завидна парична награда од 500.000 фунти.

Во Sport Life може да се обложите на победници на сите мечеви од првото коло кои не се почнати.

- Оглас -

Најнови вести