Почна Конференциската лига – Макаби му го расипа свечениот момент на Алашкерт, Феенорд не победи во Хаифа

Двете израелски екипи Макаби Тел Авив и Макаби Хаифа имаат причини за радост на премиерата од новото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Макаби во Тел Авив го победи Алашкерт со 4:1 и на гостите им го расипа славеничкиот момент и првиот настап во Европа во фаза по групи во кое било натпреварување.

Перица, Каничовски, Битон и Хозез беа стрелци за домашната екипа, а почесниот погодок за Алашкерт беше Ембало. Алашкерт е првата екипа од Ерменија што воопшто настапувала во европско клупско натпреварување во фаза по групи, а почетокот им е со тежок пораз.

Вториот Макаби, од Хаифа одигра без голови против фаворитот во Е групата, Феенорд. Гостите од Холандија доминираа, но не успеаја да постигнат гол за победа.

Задутре се играат останатите натпревари од првото коло во новото натпреварување на УЕФА што се игра од оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести