Почна пријавувањето во ФФМ за државна помош за макфудбалот, последен рок е 15 април

Фудбалската федерација на Македонија објави дека од денеска до 15 април ќе ги прима апликациите за државна помош во екот на кризата со Коронавирусот за сите фудбалери, тренери и адиминистративни работници што во периодот од декември, јануари и февруари имале плата помала од 39.900 денари.

Апликациите се примаат од денеска до среда, од 06 до 14 часот, во Фудбалската федерација на Македонија, која потоа сите доставени документи на апликантите ќе ги испрати до Агенцијата за млади и спорт.

Помошта за најзагорзените во макфудбалот ќе биде 14.500 денари, а начинот на апликација и кои документи се потребни, но и сите непоходни информации можат да се најдат на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести