Почна продажбата на билети за ракометниот дуел Македонија – Чешка, нека се наполни „Борис Трајковски“

Ракометната репрезентација на Македонија в среда во Злин гостува кај Чешка во првиот дуел од баражот за пласман на Светско првенство 2023 година, а в недела, на 17 април, во 19 часот, во Скопје е реваншот.

Денеска почна продажбата на билети за ракометниот дуел кој може да ги однесе нашите најдобри ракометари на уште едно големо натпреварување. Тоа може да биде и последен меч во дресот на македонската селекција за Кирил Лазаров и Филип Миркуловски, па присуството е пожелно за сите љубители на ракометот.

Без разлика на резултатот на првиот меч, нема негатива која Македонија не може да ја надомести на реванш во преполна сала „Борис Трајковски“.

Цената на билетите е 100 денари, а билети може да се најдат онлајн и на продажните места на МК Тикетс.

- Оглас -

Најнови вести