Почна зимската распродажба во Борусија

Играчот за врска Јулијан Вајгл многу веројатно ќе биде првиот член на Борусија Дортмунд што ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Трансферот во Бенфика е речиси комплетиран и се чека стартот на преодниот рок за да се официјализира ангажманот.

Португалскиот првак ќе исплати 20 милиони евра за услугите на повремениот германски репрезентативец и во следните неколку дена ќе потпише повеќегодишен договор со гигантот од Лисабон.

Милионерите убаво ќе се опарат од овој трансфер ако се знае дека за Вајгл потрошија само 2,5 милиони евра во 2015 година, кога го купуваа од редовите на Минхен 1860. Вајгл запиша повеќе од 170 настапи за германскиот вицепрвак, а по него се очекуваат нови заминувања од „Сигнал Идуна парк“.

Наводно, Дортмунд ќе му дозволи на Џејдон Санчо да оствари мултимилионски трансфер доколку клубовите кои се интересираат достават понуда поголема од 100 милиони евра за одличниот крилен офанзивец. Исто така се шпекулира продажба на Пако Алкасер откако Дортмунд го ангажира сензационалниот млад голгетер Ерлинг Халанд за 20 милиони евра од Салцбург.

- Оглас -

Најнови вести