(Видео) Почнаа драмите во Кина – Порторико стопи минус 19 против Иран, Русија подобра од Нигерија

Хавиер Мохика имаше мирна рака и многу нерви за кош во последната секунда и ја одлучи кошаркарската драма во корист на Порторико против Иран во стартниот меч за двете селекции на Мундијалот во Кина.

Иранците пропуштија неверијатна предност од 19 поени, а имаа позитива од 14 поени пред стартот на последниот период од 10 минути и сепак не победија.

Со 32 поени и блескава игра ги потопи Давид Уертас, кој беше несопирлив. Во самиот финиш со тројка му донесе на Порторико предност од 81:78, но Хадади врати со тројка, па се очекуваа продолженија. Но, Мохика имаше поинаков план и со прецизен удар му испадна победнички за неговата репрезентација.

https://twitter.com/FIBAWC/status/1167751042731130881?s=20

Во премиерен меч од Б групата Русија исто така во неизвесен финиш ја победи Нигерија со 82:77. Имаа предност на полувремето од 40:35, но Нигеријците кои беа фаворити израмнија по третиот период, па победникот се решаваше во последните секунди.

Русија направи серија од 5:0 и од 77:77 стаса до победа. Кулагин со 16 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека на мечот прв стрелец беше Нигериецот Окоги.

Претходно Србија на премиерата на 18-то Светско првенство ја декласираше Ангола со 105:59, а Полска ја победи Венецуела со 80:69.

 

- Оглас -

Најнови вести